Водно – заштитено подрачје, со 40% површина за градба?!
Голема прашина се крена во јавноста по најавената Нацрт Одлука за Прогласувањето на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V која ја предложи Министерството за животна средина. Екологистите се против предложената форма за заштита на Водно со Одлука бидејќи сметаат дека на тој начин не се нуди вистинска заштита на планината и бараат постапката да се стопира. Одлуката која што се носи, е од аспект кој никогаш не бил суштински – вредноста на природата на Водно, а се заборава основното алармираат од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.
Се заборава основното заради кое е заштитено Водно. Основната цел е заштита на градот од Водно. Колку што е Водно заштитен толку треба да е заштитино, да цитирам еден од учесниците во јавната дебата. Водно е пошумувано од многу други аспекти, од аспект на поројни дождови, од аспект на ерозија, кои што се заканувале да влијаат на градот односно да оневозможат еден добар живот и воошто биле животно – опасни по градот. Направени се еден куп експертизи и врз основа на тие екпертизи е заклучено дека е извршено неопходното пошумувањето-вели ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА- „ГО САКАМ ВОДНО“.
Вредноста на Водно е секако голема, но не е поголема од потребата за заштита на граѓаните на Скопје додава Стојановска од иницијативата „Го сакам Водно“. Со ваква замислена заштита се деградира зачувувањето на Водно, не се зголемува туку обратно, се намалува заклучува Стојановска.
Се намалува зоната која што е заштитена, ги отсранува веќе уништените подрачја, што сметам дека е исто така недозволиво. Велат таму немаме природа, нема значење. Но имаме значење од други аспекти, се јавуваат проблеми во рамките на урбанизмот. Зоната на заштита само преку природа овозможува такво категоризирање што зонската поделба во еден дел од Водно овозможува и нови градби. Тоа е зона на одржливо користење, а тоа е околу 39% од вкупната нова предложена заштитна зона во која што повторно ќе биде дозволено изградба на домови за вдомување и сл. Градот настапува со образложение дека ќе се прави еден план за управување. Верувајте и градот како субјект кој и досега управувал со Водно, сега повторно ќе управува, ако не бил во можност наплив на урбанизмот во рамките на Водно и уништување на сите тие одводни канали и одрони што се случуваат односно заштити од ерозии кои што се случуваат како сега со пониска категорија на заштита, и со дозвола на градба која што ја нема во рамките на одлуката од `91 година, а сега вели ќе дозволиме градба ама ние ќе внимаваме да биде во рамките на законот. Зашто оставаме простор за еден правен вакум каде што тоа може да биде максимално злоупотребено?-прашува ТАТЈАНА СТОЈАНОВСКА- „ГО САКАМ ВОДНО“.
Дека Водно мора да се заштити од целосна понатамошна урбанизација на ова подрачје сметаа и жителите на селото Нерези. Општината и градот воопшто не се заинтересирани да го зачуваат она што го имаме велат граѓаните.
Се сложувам со градењето тоа неможе да се запре, но треба да се направи барем еден урбанистички план. Патот се аспфалтираше на ново. Тоа што беше направено пред 50 години беше подобар пат од овој сега што е направен. Затоа што имаше сливник, го извадија сливникот, божем го проширија, уште повеќе го стеснаа. Мислам дека треба да се прошири патот, барем метар, метар и половина..-рече САВО ТОМИЌ-ЖИТЕЛ НА НАРЕЗИ.
Отпокување на оваа постапка веднаш и земање предвид сите аспекти и експертизи, а со тоа ќе се дојде до еден специјален закон кој ќе толкува што точно смее а што не на Водно, а ќе нема ниту можност да си го толкува законот кој како сака е заклучокот на иницијативата „Го сакам Водно“.
Викторија Миткова