Прва јавна расправа во собранието за концептот за основно образование

Ред пофалби, ред критики, вака изгледаше денешната јавна расправа за предлог концепцијата за основно образование. Голем дел од присутните професори негодуваа велат, концепцијата е избрзана, Заев и Царовска пак во одбрана на реформите, биле добри, современи, и веќе се доцнело со нив.

Новата концепција ја разбранува јавноста, особено откако беше објавено дека предметот историја нема да се изучува како посебен туку ќе биде во склоп на предметот општествени науки, работната група во обид да ја смири јавноста – го промениле насловот на предметот , ќе се вика историја и општествени науки и ќе се изучува од 4 до 9 одделение.

Со новата концепција целта е да се зголеми чувството на еднаквост меѓу учениците, да се намалат предрасудите, да се подобри меѓуетничката интеграција во образованието и социјалната кохезија, рече професорката Петроска-Бешка.

Научната фела реагираше и на интегрирање на предметите ликовно и музичко образование, и работната група се повлече, предметите ќе се изучуваат засебно. Измени има и во изучување на јазиците, како втор јазик учениците ќе може да бират меѓу англиски и албански јазик.

Според промоторите на концепцијата истата ќе започне да се имплементира од идната учебна година со 1 и 4 одделение.

Професорката Весна Јаневска пак вели концепцијата е донесена нетранспарентно и без целосно вклучување на научната фела, без анкети на родителите – бара да биде повлечена, оти не е квалитетна и се носи во чувствителен момент кога Бугарија бара промена на историјата.

Во вакви моменти кога се оспорува историјата не ли се изврши лоша проценка по последиците на националните интереси или пак е тенденциозен чин за други цели? Зошто Драги Ѓорѓиев е повикан да расправа за новата концепција во образованието? Дали не се поткопуваат националните позиции во време кога Красимир Каракачанов бара да ни се промени образованието, праша Весна Јаневска – професор

Академик Камбовски пак вели концепцијата треба што поскоро да се реализира, но потенцираше дека предметот историја треба да се изучува посебно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста