Приватниот ковид центар „Мала Богородица“ подготвен за пацинети но вратите – затворени, чекаат потпис од Филипче

Приватните болници го исполнија својот дел од договорот со Министерството за здравство за обезбедување на дополнителни болнички капацитети. Новиот ковид центар – објектот на поранешната болница „Мала Богородица“ е подготвен и во секој момент може да ги прими првите пацинети информираат ексклузивно за Алфа од болницата Аџибадем Систина. Но, за да се реализира оваа иницијатива, остануваат неколку отворени прашања, кои се во доменот на работата на ресорното министерството, а кои, како што велат од систина, се уште не се затворени.

1. Министерството за здравство треба да издаде дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар.

2. Министерството треба да издаде дозвола за станица за довод на кислород.

4. Министерството за здравство да ги одреди двајцата доктори кои медицински ќе управуваат со овој ковид-центар.

5. Фондот за здравство да го понуди договорот за соработка.

Од Министерството за здравство за Алфа, претходно во текот на денот, убедуваа, дека се е во рацете на приватните болници.

“Министерството за здравство само ќе ги користи ресурсите од приватните болници, согласно законската рамка по прогласување на кризна состојба, кога приватните болници се согласија во целост да ја опремат стара Систина со потребната медицинска и немедицинска опрема, како и лекарски тимови и медицински персонал кои ќе работат со ковид пациенти. За детали околу подготовката и темпото на адаптација обратете се во приватните здравствени установи.” – велат од МЗ.

И додека се чека на новиот ковид центар во мала Богородица, во моментот поради компликации од вирусот во државните болници ширум државата има 1296 пациенти. Во новиот ковид центар има простор за лекување на 100 пациенти.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста