Прилепската болница допрва ќе поставува централен довод за кислород до Инфективното одделение ?!

Прилепската болница допрва ќе поставува довод за кислород. По цели осум месеци од почетокот на пандемијата и во време кога секојдневно има по неколку десетици на новозаразени пациенти и најмалку по еден починат, конечно постапката почнувала.  Ама повторно има проблем:

   –Имаме мал проблем таму, тие инсистираат да биде цело Инфективно празно, што не е изводливо. Па правиме преговори да може на етапи, дел кај што ќе се работи да се испразни. Откако ќе се сработи, пациентите да се префрлат, па да се испразни другиот дел. Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик, објаснува директорот на Болницата, д-р Драган Богоески.

       Идното поставување на централниот довод за кислород, претставува огромна, ако не и суштествена надеж и за началничката на Инфективното одделение, бидејќи со него, се очекува да бидат обезбедени 20 места за дотур на кислород.

    „На кислородна поддршка, просечно во овој месец дена се над десетина пациенти и ни треба кислород. Секогаш имаме кислород, иако е машно тоа со боците, вели д-р Мирјана Крстеска, началничка на Инфективното одделение.

        Прилепчани револтирани, велат надлежните знаеја дека есенско-зимискиот бран веќе гази. Доводот мораше порано да се постави.   

    „Ние ако бевме подготвени, досега ќе бевме Швајцарија, немаше да има толку арамилаци, занчи ќе бевме на далеку повисоко ниво и во однос на финасиите и на другите работи“, – смета еден повозрасен прилепчанец.

  „Нормално дека е задоцнето. Тоа требаше совреме да се направи. Јас не знам што се случува со пандемијава“ – вели друг прилепчанец.

   „Неблагодарано е да коментирам нешто што не го познавам. Меѓутоа, сепак мислам дека малку е задоцнето ова што се работи. Олку заразени во еден момент, кај нас, во една вака малечка држава, нема што да се каже“ – смета трет прилепчанец.

Граѓаните стравуваат и за централниот довод за кислород да не се случи како за монтажната болница во Прилеп, што никогаш не се постави – а беше ветена.  

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста