Прекинат собранискиот маратон за спорот Влада-Макпетрол, власта немаше мнозинство за предлог законот

Не успеа првиот обид на власта со закон во собранието да го протурка договорот со макпетрол преку кој владата треба да го откупи неговиот удел во гасоводот.

21 час траеше собраниската дебата во која 39 пратеници на опозицијата ги објаснуваа нивните аргументи зошто државата нме треба да склучуива ваков договор и зошто неговото озаконување нс треба да мине во парламентот. Од вчера во 12 до утринава до 08 часот траеше седницата на која говореа парламентарците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, а пратениците од власта главно преку реплики го бранеа договорот. По исцрпувањето на листата паријавени за говор седницата беше прекината бидејќи власта во собранието го немаше потребното мнозинство за изгласување на законот. Продоолжението ќе биде дополнително закажано од спикерот џафери.

“21 час непрекината битка во Собрание. Власта не успеа да го изгласа законот за преценетата продажба на ГА МА. Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека власта против ВМРО-ДПМНЕ не може”, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

“Во 7:55 завршивме со обелоденувањето на криминалот тежок 33 милиони евра. Не го исгласаа зашто не беа тука зашто не сакаа да не слушнат. Знаеме дека ќе има уште валви криминали, но ќе има уште вакви битки се до конечниот пад на оваа мафија од власт”, напиша неговата колешка Дафина Стојановска.

“Криминалот со закон со кој требаше АД Макпетрол да се почасти со 33 милиони евра народни пари не се донесе. Владеачкото мнозинство мне го издржа темпото и не беа присутни во доволен број на гласање. Одиме понатаму”, објави Борислав Крмов од Левица.

За опозицијата се работи за штетна спогодба со која државата на Макпетрол ќе му плати 15 милиони евра повеќе од уделот на оваа компанија во ГА МА. Во договорот доставен на собранието се вели дека вредноста на претпријатието за пренос гас изнесува над 37 милиони и 600 илјади евра. Владата и Макпетрол имаат по над 18 милиони и 800 илјади. Но владата ќе го купи уделот на Макпетрол за речиси 33 милиони евра. Според ВМРО-ДПМНЕ премиерот не ги почитувал ниту препораките на државниот правобранител дека спорот не може да се реши во собранието.

За власта пак придобивките од усвојувањето на спогодбата се решевање на проблем настанат во минатото и решавање на проблемот со снабдување со гас.

Владата и Макпетрол водеа спор околу сопственоста на ГА МА. Минатата година се согласија вонсудски да го решат спорот. Според Законот за енергетика кој беше донесен во 2018 Министерството за економија треба да биде доминантен сопственик. Макпетрол изрази подготвеност да го продаде удлот во системот за пренос на природен гас.

Градимир Марковски

Advertisements

Поврзани вести