Предизборна нервоза во штабот на СДСМ во Прилеп

Има ли фракции во прилепскиот огранок на СДСМ, или пак престојните избори само ја зголемуваат наелектризираноста помеѓу членството?! Скандалот со огромната плата на актуелниот директор на прилепскиот Тутунски комбинат, Кирил Станкоски, од неверојатни 3,5 илјади евра ги испровоцира неговите партиски колеги бурно да реагираат, но не во негова одбрана туку напротив.

Поранешниот директор на Тутунскиот комбинат, Димитар Богдан, кој исто така е член на Социјал-демократскиот сојуз, на ФБ пишува дека ова било „кражба на векот, директор со плата поголема од цел државен врв“, притоа нарекувајќи го „полуписмен агроном“ кој го уништил Комбинатот.

Станковски се правдаше дека немало ништо спорно во висината на неговата плата, бидејќи одлуката ја носел Бордот на директори и таа била информација од јавен карактер. Алфа побара конкретен одговор од него на нападите од сопартијците, на што тој рече дека секој имал право да коментира како сака по социјалните мрежи, но фактите биле на негова страна.

Инаку ова не е прв случај на раздор помеѓу членството на СДСМ. Минатата недела, медиумите објавија информација за тепачка помеѓу високи локални функционери во ОО на СДСМ од Македонски Брод.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста