Повеќе нема место на инфективната клиника и во модуларната болница

На повидок колапс на здравствениот систем. Здравството се мобилизира, но дали имаме доволно лекари? Дали ќе биде доволна помошта од специјализантите и приватните интернисти- никој не знае. Болничките капацитети се исполнети како во главниот град така и во внатрешноста. Во моментов во земјава хоспитализирани се 890 болни од Ковид 19. Здравствените власти спасот го гледаат во активирањето на Интерните клиники. Ќе се примаат пацинети и на дерматологија и неврологија на подолните катови, а на погорни на гастро, реуматологија, нефрологија и дијализа, но и на оториголарингологија и очни болести. Со ова ќе се отворат дополнителни 150 легла. Државата не планира да ги активира Приватните болници. И покрај тоа што граѓаните жестоко реагираат дека тешко се доаѓа до болнички кревет, Филипче убедува дека места има.

Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот.” – рече Филипче.

Околу зголемената смртност изминатиов период, како и фактот дека починаа млади пациенти, директорката на Инфективната клиника д-р Стевановиќ рече дека тоа било очекувано. Истакнувајќи дека недостатокот на медицинскиот персонал останува проблем и натаму.

“За жал, изгубивме млади луѓе, најголем дел се со хронични болести. Сакам да кажам дека иако на почетокот беше тоа занемарувано, и сите ние имаме по некој килограм вишок, но луѓето со голем вишок на килограми, се во сериозен ризик за заболување со тешка клиничка слика“, рече директорката на Инфективна.

За еден месец за шест пати е зголемен бројот на позитивни случаи, а речиси три пати на хоспитализирани пацинети, тоа не ги загрижува здравствените власти и не размислуваат за поригорозни мерки.

Ања Василевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста