Последиците од ескалацијата на ситуацијата во Укранина ќе бидат огромни – експерите загрижени

Последиците од ескалацијата на ситуацијата во Укранина ќе бидат огромни. Експерите загрижени дека ова нема да биде добро за никој, а постои висок ризик турбуленциите да се префрлат на Балканскиот Полуостров.  Велат, дека дипломатијата е единствено решение, но доколку пропаднат и последните напори за решение по мирен пат, војната во Украина ќе биде сериозен предизвик за НАТО.

Ситуацијата е крајно лоша, не е добра, неповолна и мислам дека ова нема да биде добро за сите. Директни последици ќе бидат по она што за сите е јасно, тоа е економската криза која што допрва ќе следи , поврзано со енергенсите, но и со останатите артикли,  коишто се на светската трговска берза, храна кои доаѓаат од таму,  вели професорот на Воена академија Методи Хаџи Јанев

Ситуацијата е многу сериозна, предупредуваат експертите.   Импликациите,  дури и целата ситуација да запре сега и тука, ќе бидат многу големи, а од особена важност е обединетоста на евроатласнските сојузници, смета претседателот на инстутот за демократија Марко Трошановски.

Импликациите ќе се случат врз односот на Кина-Тајван  дефинитивно, но исто така голем е ризикот турбуленции да се префрлат и на Балканскиот полуостров, особено случувањата околу Босна, Република Српска и секако Косово- Србија. Обединетоста на евроатланските сојузници мора да е на највисокото ниво и дека санкциите сами по себе дека во голема мера ќе направат некој ефект, истакнува претседателот на инстутот за демократија Марко Трошановски.

Во колкава мера ќе се почуствуваат последиците во Македонија од ситуацијатаво Украина, ќе зависи од развојот на состојбата, но евидентно е дека ќе ги има, како на економски, така и на политички план

За политичкиот план ќе ги прашате политичарите, тие требаа од утринава веќе да ги кажуваат своите поенти, а не само да ја осудуваат агресијата. Од друга страна од прагматичен дел и од практичен дел на работите веројатно сето ова ќе влијае како на цела Европа, така и кај нас. Ова е почеток на втора студена војна, вели новинарот Дејан Андоновиќ.

Заедничко за сите аналитичари што ги колнсултиравме, е загриженоста, дека, доколку конфликтот не запре, цената што сите ќе ја платиме ќе биде многу висока.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста