После подолго време, Тетово денеска без новозаразени, Теута Арифи бара олабавување на мерките

После постојаниот пораст изминатата недела, Тетово денеска не бележи нови заразени со Ковид 19.Бројот на досега дијагностицирани, останува 176, од кои 80 лица се излечиле, а 16 починале.Но, и  покрај високите бројки и недисциплираноста на граѓаните, кои речиси воопшто не ги почитуваат мерките, градоначалничката Теута Арифи,сепак, вели дека е потребно  олабавување на мерките.

Општината веќе две недели чека и одговор на барањето за укинување на Забраната за организиран  меѓуопштински превоз ,кој и не се покажа баш ефективен, со оглед на тоа што превозниците, сепак, работеа.Најголема штета трпат бројните граѓани, кои работат во Скопје или Гостивар,и периодов или не одат на работа или едвај се снаоѓаат за превоз.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста