Политика наместо правда: Пресудата за 27 април VS пресудата за Капитол Хил во САД

Изборот на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, најголемата светска сила, со демократски даден глас од граѓаните, предизвика упад во Капитол Хил- исход пет починати, речиси 150 полициски службеници повредени.

Најголемата казна затвор засега 5 години и 4 четири месеци. Судот наведе дека Скот Палмер е осуден поради тоа што фрлил дрвена даска и противпожарен апарат кон полицајците, кои се обидувале да ги спречат демонстрантите да влезат во Капитол Хил, а потоа со шипка ги нападнал полициските службеници.

За разлика од Америка, за упадот во македонското Собрание, каде немаше ниту еден загинат, а имаше само еден тешко повреден, најниската првостепена пресуда е повисока од онаа највисоката за настаните во Капитол Хил, односно седум години за Абдулфета Алими, додека Митко Чавков првостепено доби речиси деценија и пол повеќе, односно 18 години затвор.

Според застапникот на обвинението за настаните од 27 април, Вилма Русковска настаните во Капитол Хил наликуваа на оние во Собранието, но казните во лулката на демократијата се многу помали, не се казни наменети за терористи.

-И оние слики што ги видовме некако ми се вратија сликите од Собранието кај нас, изјави Русковска.

За настаните кои се случија во македонското Собрание и драконската казна затвор која што ја добија осудените, многумина сметаат дека има политичка позадина. Луѓето кои влегоа во Собранието испровоцирани од пеењето на албанската химна и нелигитимниот избор на Талат Џафери за собраниски спикер, веднаш од луѓе од власта ја добија етикетата терористи, а завршија осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок, што кај многумина во прашање ја доведе поделбата на судската и извршната власт.  За разлика од Македонија, во Америка, претседателот Џо Бајден лицата кои го нападнаа Капитол Хил ги нарече терористи, но Обвинителството не ги обвини, а судот сепак не ги судеше за тероризам.  

0Тие не беа демонстранти – не осмелувајте се да ги нарекувате демонстранти. Тие беа разулавена толпа. Бунтовници. Домашни терористи. Тоа е толку базично. Тоа е толку едноставно, изјави Бајден.

Одбраната во случајот за 27 април многу пати повтори дека не се задоволни од пресудата и што воопшто луѓето се осудени за делото кое го сториле, велат не бараат милостина бараат правда, а правдата според нив не е сигурно луѓето да бидат осудени за тероризам.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста