Полицијата ќе ни доаѓа за нова година, кривични пријави за сите кои не почитуваат протоколи

Полицијата ќе влегува по домовите и викендиците и ќе ги растура  новогодишните забави. Засилени контроли по викендиците, становите и апартманите и  никој немало да биде изземен од одговорност доколку организира журки и забави со групирања уверува министерот Спасовски. Секој кој не ги почитува  рестриктивните мерки ќе подлежи на кривична одговорност за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните.

„Секој кој нема да почитува, било тоа да е сопственик на вила, куќа или граѓани кои учествуваат во тие настани на сите ќе им бидат поднесени кривични пријави за нарушување на здравјето на граѓаните. Ова е оперативен план, го разработвуваат полициските служби и согласно него секаде и во секое време, имаме екипи и тие се подготвени да излезат на терен по секоја дојава, сознание или пријава. Откако ќе се констатира одговорност полицијата го известува Јавниот обвинител и тој постапува согласно законските прописи“, рече Спасовски.

Социјалните мрежи беа преплавени со објави и барања, претежно од помладата популација, за изнајмување на  викендици за Нова година. Од МВР уверуваа дека знаат за овој тренд и ќе реагираат соодветно.. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР има посебен оперативен план како ќе постапува за време на празниците. Не сакаше да открие детали, само рече, дека доволно е да се знае, дека  секаде и во секој момент ќе има полициски службеници кои ќе вршат контрола.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста