Подобрување на образованието или параван за политичките отстапки?

Укинување на предметот историја, бришење на терминот „македонска нација“, етничка наместо национална припадност, секоја година можна ревизија на учебниците – дел од експертите алармираат за избрзани реформи и крајно несериозен пристап. Растат сомнежите  дека со концепцијата за основно образование, Власта само сака да ги оствари сите точки од договорите кои ги потпишува со соседите.

Како еден од клучните резултати од учењето се нотира развивањето на идентитет на граѓанин на РСМ, а македонец/македонка не е идентитетска ознака за македонската нација утку ознака за етничка припадност. Како историчар, не можам да не реагирам дека овие програми се следствено заокружување на ревизионистички политичкиот приод во однос на националната историја што е евидентно во наставните програми  и врз учевниците ќе се рефлектира содржината под диктат на наставните програми ќе резултира со целосно бришење на терминот „македонска нација“ – вели историчарот Митко Панов.

Панов не е оптимист дека толку брзо може да напише учебник и да се пушти во употреба уште овој септември. „Брзањето е уште еден показател дека Власта сака да се прилагоди на одредени политички барања произлезени од договорите“ – децидни се упатените.

Според измените во законот за образование пак, секоја година ќе може да се прави ревизија на наставниот материјал, и цела таа контрола ќе ја прави Биро за развој на образованието и министерката Мила Царовска. Прашањето кое се поставува е зошто воопшто би биле потребни промени во толку кратки рокови.

Во таа смисла, експертската фела реагира на ваквата контрола на содржината, особено во овој сензитивен момент во кој што се наоѓа Македонија од аспект на наметнување на промена на содржините во согласност со политичките договори и диктати од Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство – вели Панов.

Дигитализацијата на учебниците која се форсира од МОН ја зголемува дилемата дали реформите се за подобро образование или параван за низа политички отсапки, оти и министерката Царовска напомена, дигиталните учебници лесно ќе трпеле промени во содржината.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста