По вчерашниот среќен крај за изгубените посетители на Шапка,спасителите со апел да не се потценува планината

30-мина посетители кои вчера се изгубија на Попова Шапка поради густата магла,имаа среќа, што беа пронајдени брзо,живи и здрави.Но,овие лоши искуства кои се случуваат секоја зимска сезона,мора да бидат поука, дека планината не е за потценување, особено кога има лоши временски услови.Никако не смее да се тргнува, дали пеш или со скии, без соодветна опрема и без подготвеност,особено ако не го знаете теренот,советува Борис Стојановски, кој долги години работи во спасителната служба на зимскиот центар.Оваа планина, вели, знае да биде многу опасна.

Најважна е едукацијата,вели Стојановски.Во клубовите се добиваат корисни информации за движење на планина во секакви временски услови,но сеуште е голем бројот на туристи кои не се подготвени и се преценуваат себеси.

Деновиве се најавуваат нови снежни врнежи, па и од полицијата и од скијачкиот центар,со апел да нема движење додека има магла и да се избегнуваат оние места кои имаат потенцијална опасност од лавини. Посетителите кои планираат да планинират, пожелно е да посочат каде ќе се движат и колку мислат да се задржат, за да може побрзо да се лоцираат и доколку има потреба, да им се помогне.Ова е важно мошне значајна е секоја минута, особено при неповолни временски состојби и на тешко достапни терени, на кои нема можност за воспоставување телефонски контакт или друга комуникација со изгубените лица.                                            

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста