Пандемијата се развива, нови мерки нема
Комисијата за заразни болести заседаваше но не донесе никакви одлуки – додека новиот бран на пандемијата прави притисок на здравствениот систем а експертите алармираат за сериозни клинички слики кај пациентите – Комисијата само дискутирала за повеќе предлог мерки, но одлука ќе падне дури за неколку дена.
Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови – информираа од МЗ.
Одлука нема ниту за онлајн настава – за која граѓански здруженија побара учениците во второто полугодие да учат од дома.
На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата – информираа од МЗ.
Омикрон и делта сојот се шират во Македонија, а бројот на заразени секојдневно расте. Дополнителен проблем е недостатокот на термини за тестирање, што го одолговлекува дијагностицирањето на болеста но и потребата за лекување. Граѓаните и покрај нивното здравствено осигурување, плаќаат приватно. Oд дневните статистики што ги праќа. Министерството за здравство, може да се забележи дека, ако се направени 5000 тестови, само нешто повеќе од 700 се во државните установи, а за над 4000 тестови, граѓаните си платиле по повеќе од 1000 денари во приватните лаборатории.
Адријана Алексиеска