По 7 години манипулирање, СДСМ и ДУИ на крајот од мандатот целосно кренаа раце од автопатот Кичево-Охрид

По 7 години манипулирање, СДСМ и ДУИ на крајот од мандатот целосно кренаа раце од автопатот Кичево-Охрид


Deprecated: Implicit conversion from float 1714254776.032013 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

“Одговорен патот да биде готов во јануари 2024-та си ти како министер за транспорт и врски и затоа Благоја еве го тука, стани Благоја да те видам сите.дајте му поддршка затоа што јануари 2024-та година по тој пат мора да се вози”-рече Димитар Ковачески.

Иако ветуваа дека  автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов, СДСМ и ДУИ во финишот од мандатот се откажаа од автопатската делница долга 57 километри која и по една деценија не може да го види светлото на денот. Непосредно пред почетокот на изборната кампања,на последната седница,Владата одреди ново, 5-то по ред продолжување на рокот-до крајот на 2026-та.

” Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта” известија од Владата.

За експерите апсолутно е неприфатливо и по 10 години да се говори за грешки во проектирањето и појава на нови свлечишта.

“И не можеме веќе ние да говориме дека заради ова, или заради она, овој не завршил тој не извршил ,тоа е недозволиво веќе.Ние мора да го решиме”-вели -вели Љупчо Милкоски,експерт за безбедносни појави.

Изградбата на најскапиот автопат во Европа,кој ќе остане запишан во историјата на државата како најголема инвестиција,не само што ја надмина сумата од 600 милиони евра,туку од кинеската Ексим банка годинава ќе бидат повлечени 50 милиони евра од вкупниот кредит.Во изминатата деценија државата до гуша заглави во кредити за изградба на автопатот,а не е пуштен во употреба нити еден метар асфлат на делницата.

 “Посебно да се обрне внимание на делницата од аеродром Охрид до Охрид,тоа до сезоната мора да биде завршено,бидејќи веќе не знаеме што да им кажуваме на гостите”- Јаким Маленко, туристички работник.

Дека децениската изградба на автопатот е бунар без дно,утврдија и државните ревизори кои ја чешлаа работата на Ј.П”Државни патишта”.Откриле дека за завршување на само еден колеметар од делницата се трошеле по 9 милиони евра. Заклучно со 2022-ра година за автопатот се потрошени приближно 512 милиони евра,а само една година поцна, на крајот од 2023-та сумата се зголемила за дополнителни 63 милиони евра,со што инвестираните средства достигнувале износ од околу 575 милиони евра.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127