Пендаровски и Мицкоски контра Заев

„За македонскиот јазик не треба да се разговара“. Претседателот Пендаровски и лидерот на опозицијата Мицкоски на иста бранова должина во однос на провокацијата со непризнавањето на македонскиот јазик од страна на бугарските академици.

-Македонскиот јазик постои, исто како што македонската нација е факт. За тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира ниту да потпишува договори со било кого, вели Пендаровски.

-За македонското писмо не треба ниту да се преговара ниту да се разговара. Мене не би ми паднало на памет да разговарам за такви атрибути, вели Мицкоски.

Ама премиерот Заев сепак, не се согласува со ова. Најави средба со бугарскиот премиер Борисов, на која ќе се разговарало пријателски и отворено, без да муабети и префрлање за тоа „кој прв почнал“.

-Ќе организирам состанок. Треба да седнеме со бугарскиот премиер Борисов, веројатно ќе биде со мене министерот за надворешни работи и советниците од мојот кабинет, а и исто така од другата страна. Да седнеме и заеднички да ги изградиме овие работи, бидејќи сме пријателски земји.

Мицкоски забележува за ваквата изјава на Заев. Според него, мора да се знае границата на меѓусоседските односи.

-Мора во животот да се знае до каде е границата, да се знаат принципите за што може да се разговара и што не може да биде на маса за разговори. Македонскиот јазик е една од неколкуте работи коишто не треба воопшто да се разговараат и преговараат. Јас не знам како се образувал, на кој јазик се образувал тој човек, каде го стекнал тоа образование, каков мајчин јазик зборува, изјави Мицкоски.

Провокацијата од Бугарија пристигна пред неколку дена и тоа од највисоката научна институција -Бугарската академија на науките. Ставот на бугарските акадмици, што следеше по донесување на повелбата за македонскиот јазик од страна на МАНУ, е дека македонскиот јазик не постоел, туку бил писмено – регионална норма на бугарскиот, односно бугарски дијалект.

Сања Трајковска Ставров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста