Пановски за Алфа: Јужноафриканската мутација на ковид-19 треба да не загрижи, но и тоа што немаме вакцини

Можното влегување на јужно-африканската мутација на ковид-19 во Македонија треба да не загрижи, вели за Алфа професорот Никола Пановски. Тој алармира – ако се прошири овој сој на вирусот залудно ќе ви биде што сте прележале ковид-19, а од друга страна, ниту некоја од сегашните вакцини може да ве спаси.

Загрижува бидејќи податоците за разлика од бриатнскиот сој дека не штити од стекнатиот имунитет потполно. Значи можеби полесно, дека ова реткост да се зарази некој што навистина прележал, овде можеби половината би се заразиле да се надеваме дека не би се заразиле со тешка клиничка слика.Меѓутоа тие сепак, ќе ја шират болеста.” – вели проф. Никола Пановски.

Ако пациентот вратен од Занзибар има јужно-африкански мутиран Ковид, големи се шансите да се заразени многу повеќе луѓе, констатира Пановски.

Дополнително загрижувачки е што во Македонија нема антиковид вакцини. Пановски проблемот за недостигот на вакцините го лоцира кај надлежните.

„Тоа што радува е што престанаа да шпекулираат со датуми. Јас мислев дека ќе се вакцинирам во март ако не влезам во овие фајзеровите, уште не ме викнале. Фактички оние пред некој ден кажаа дека нема да шпекулираме, но меѓутоа требаше да се извинат што шпекулираа три месеци.Значи лажна надеж се даваше а сега веќе не се знае кога ќе дојдат.Веќе сме навикнати да западот не лаже, па не ме чуди и за вакцините.“ – вели професорот Пановски.

Инаку,според досегашните анализи,  вакцините кои ги има сега на пазарот најверојатно се неефикасни против јужно-африканскиот сој. Професорот Пановски вели дека за борба против новите мутации ќе бидат потребни нови вакцини, односно ќе треба да се модифицираат сегашните за да бидат ефикасни. Во светот веќе и се прават некои модификации.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста