Пановски: Скапо го плативме колективниот имунитет оти немавме набавено вакцини на време

Ковид бранот спласнува во Македонија благодарение на колективниот имунитет, но не со вакцини туку по природен пат децидни се експертите. Професорот Никола Пановски за Алфа вели за жал скапо не чинеше овој начин на стекнување имунитет – со илјадници изгубени човечки животи.

Со оглед на тоа што мерките беа доцна донесени, многу голем дел од населението доби контакт со вирусот, некој го поминаа без симтпми некои не знаеа дека го имаа..и некои завршија во болница.Според сите проценки околу 60 проценти го имаат прележано вирусот и повеќето по природен пат, и за жал доста скапо го плативме тој природен имунитет имајќи ги предвид жртвите и пост ковид синдромите.” – вели професорот Никола Пановски.

Професорот не очекува дека во летните месеци ќе се соочиме со нов посилен ковид бран, но не ја исклучува можноста за тоа, со оглед дека вирусот е непредвидлив.На прашањето дали треба да се олабават мерките до степен да се дозволат и прославите Пановски вели се што е на отворено не е опасно.

Ако се исклучиво на отворен простор да, меѓутоа ако се во затворено не. Треба да се внимава кога ќе влегувате во тоалетите и кај што се собираат во затворен простор таму може да се шири болеста.Меѓутоа сепак впечатокот е дека вирусот нема да се шири толку како претходно. Добар дел од населението, веќе е имуно.Но и топлото време има влијаниие за намалување на бројките.изјави проф.Пановски.

И додека македонските здравствени власти се двоумат дали треба да има свадби и прослави и да се ослободат вакцинираните од маски на отворено…Србија очекува ослободување од ковид на 21 Јуни.Но со услоов 50 отсто од полнолетните граѓани  да бидат вакцинирани, досега имунизирани се повеќе од 42 проценти.За разлика од Србија, во Македонија вакцинирани се нешто повеќе од 8 отсто од наслението.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста