ОТВОРЕН НОВ СУПЕР ТИНЕКС ВО СТРУМИЦА

Денес (21.12) познатиот ланец на супермаркети Тинекс отвори нов, модерен супермаркет во Струмица.
Новиот Супер Тинекс маркет во Струмица се наоѓа во склоп на малопродажниот парк One Stop Shop на ул.Климент Охридски бр.51. Жителите на Струмица и околниот регион ќе имаат уште еден нов, модерен и добро-снабден Тинекс маркет каде ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, по достапни цени. 

Супермаркетот Тинекс во Струмица располага со вкупна површина од 980м2 и е опремен со повеќе различни содржини како модерна пиљара, месарница за свежо месо и сувомесно и млечни деликатеси, пекара, винарија со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.
Отворањето на овој супермаркет обезбеди нови 25 работни места, со што Тинекс придонесува и за намалување на невработеноста, во регионот и генерално во земјата, во услови на глобална пандемија.По повод отворањето, подготвени се повеќе акции и промоции за потрошувачите ,а дополнително  до 27ми декември, за секоја сметка над 999ден., Тинекс ќе подарува пакет производи во зависност од износот на сметката.

Со отворањето на Супер Тинекс маркетот во Струмица, Тинекс ја заокружи успешната година во која покрај во Струмица, беа отворени два нови супер Тинекс маркети во Скопје во населбите Тафталиџе и Аеродром, и еден супермаркет во Прилеп. Дополнително беше отворен еден Delicatessen Tinex маркет и се изврши целосно реновирање на два маркети во населбата Хром и Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста