Охриѓани очекуваат многу од овие избори
Со затворањето на гласачките места во најдолгиот гласачки процес до сега, заврши и собирањето на податоци за излезноста на гласачите кои имаа право да го дадат својот глас за определена политичка опција или коалиција, на овие предвремени парламентарни избори.
Во Охрид, каде своето демократско право можеа да го остварат 52.510 гласачи, на гласање до 19 часот излегле 49,3% од гласачите.Во Струга пак од 60.810 гласачи, гласале 39,4 %,што е далеку помала бројка во однос на парламентарните избори во 2016-та година. Граѓаните ги споделија свои очекувања и ставови, но 10-тите парламентарни избори ги дочекаа со многу песимизам.
АНКЕТА (1.Ништо од никој,како до сега така и од сега.Џабе само го мачат народот, го мамат .Зошто таков песимизам? Песимизам, затоа што невработена е ќерќа ми со години и што.Јас не вработена со години; 2. Ништо да ти кажам, како до сега и од сега.излегов за да ги прешкрта ливчето;3.Се знае дека изборите ги местат, а како ќе излезе на крајот ќе видиме.Зошто излегувате да гласате ако сте скептичен дека се местат изборите?Обавеза ми е да гласам;4. Па ваљда ќе мрдне нешто после приближно 30 години од осамостојувањево,дека ќе има чекор напред.Секогаш треба со надеж да се живее, затоа излегуваме да гласаме; 5.Очекуваме да биде добро.Што и недостасува на нашава Македонија? Што не достасува, пари;)
Од ОИК во Охрид велат немаше никакви нерегуларности,а во најдобар ред од ОИК Струга тврдат дека поминува гласањето и во оваа општина.Но Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека во Дебар едно лице е приведени бидејќи било затекнато како го фотографира гласачкото ливче и истиот е приведен.Иако од ОИК Струга велат дека немало никакви нерегуларности во текот на изборниот ден,сепак од СВР Охрид информираат дека имало физичка пресметка помеѓу две групи во село Велешта каде симпатизери на две различни политички партии меѓусебе се пресметале. Во обид да ги разводи, нападнат бил полициски службеник.Инцидентот се случил околу 11 часот, во дворот на училиштето „Зини Хани“ во Велешта, каде две лица на 28 и 31 годишна возраст од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие, упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава-информира портпаротол на СВР Охрид, Димоски.
Росица Голабоска