Охридските дуќанџии и угостители против неработна недела

Охридските дуќанџии бараат Охрид да биде изземен од законот со кој недела се прогласува за неработен ден. Со над 150 дуќани, ние сме велат најголем вработувач во охридскиот регион. Трговците тврдат дека и до сега како што налага новодонесиот закон ги исплаќале вработените кои работеле за викенди, но според нив законот е нејасен, манупалтивен и секој го толкува како што сака.Не знаеле кој смее, а кој не смее да работи во недела. Законот предвидува да може да се работи во моловите кои имаат над 8000 м2, а во Охрид таков мол не постои.

Целата чаршија треба да биде затворена, значи сите туристи  кои што ќе дојдат овде, а не се запознаени со инфраструктурата на Охрид и не знаат каде треба да одат нешто да купат.Од сабајле ќе немаат ни паста за заби каде да си купат, а не пак нешто друго.Значи Охрид ќе биде оставен сам на себе да се снаоѓа-вели Маја Бакалова-здружение на трговци “Чаршиски еснаф”.

Дуќанџиите велат дека Охрид како туристички град не смее да биде затворен во недела,бидејќи дел од гостите кои доаѓаат тука преку целата година се викенд туристи, а многуод нив доаѓаат исклучиво на шопинг тури.Нити еден ден не сме биле на товатр на државата, нити сме добиле субвенции и доколку ни биде одземена можноста да работиме во недела,тоа ќе предизвика сериозни штети на локалната економија.

Па не можеме да опстанеме, ние со сите наши напори ево веќе две години не преживуваме,туку на наша штета опстануваме да не ги избркаме вработените, да не создаваме социјални случаи-рече Соња Јосифоска-здружение на трговци “Чаршиски еснаф”.

И додека дуќанџиите бараат поддршка од градоначалникот и пратениците од Охрид, вработените во дуќаните кои не сакаат да зборуваат пред камера,своите размислувања ги споделуваат на социјалните мрежи.

Баш затоа што се работи за Охрид, треба да ги платите работниците колку што вели законот и задолжително слободен ден, бидејќи уште малку ќе нема кој да работ во Охрид, луѓето разочарани масовно се иселуваат.Ќе фалат работници и во трговија и во угостителство и во сите дејности.Секој работник заслужува слободен ден и бонус за работа во празници! Кој не мисли така нека си работи сам.ова се дел од бројните коментари на социјалните мрежи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста