Охрид подготвен за туристички пик, туристите обвинуваат за високи цени

Летната жега во туристички Охрид им го помати умот и на домаќините, но и на гостите-во услови кога светот се соочува со опасниот коронавирус, и кога можностите на македонците за летување надвор од гранците на нашата држава се сведени на минимум,сите поитаа кон нашиот најголем туристички центар. А тоа предизвика жолчни реакции на социјалните мрежи.Туристите се жалат дека цените во приватното сметување се превисоки.
-Охриѓани забегавте,што зборувате, какви 10 евра од човек по ноќевање.Може 10 евра,ама да си го земам мебелот од апартманот со мене кога ќе си одам дома.
-Ако се отворат границите, ништо од бизнисот.Доаѓаме на летување, а не да не дерат.Ве молам прилагодете ги цените според условите кои ги нудите.
-Мислам дека претерувате со цените,гледајте го стандардот на нашиот отепан народ, цените ви се превисоки.
Нити охриѓани не останаа покусо,иако зборуваат на ист јазик, не можат да се разберат со потенцијалните гости.
-Вие што постојани Ву е скапо и се жалите,би пуштиле ли човек кај Вас да преспие за 10 евра во стан или куќа од 100.000 евра?
-Зошто правење нуклеарна физика за цените на апартманите во Охрид,урлате како е прескапо или не ви одговара цената на сместувањето.Има супер понуди за сместување и вреди да имате пола сезона и лето и зима.
-Цени има за сечиј џеб,ама тоа е македонче сака во Македонија за цабе да летува,а во друга држава за истото ќе плати и тродупло,многу е жално тоа.
На интернет страницата Booking каде може да се резервира сместување, цените се движат од 20 па се до 100 евра од ноќевање,во зависност од локацијата и условите кои се нудат.
Ние како институција немаме никави ингеренции во однос на креирањето на цените, сепак тоа претставува дел од пазарната економија –велат од охридскиот сектор за туризам.Од таму со апел до сите станоиздавачи:

-При нерално зголување на цените со оглед на тоа дека Охрид има огромна конкуренција во однос на смествуачкиот капацитети, многу е лесно да се загуби пазарот,односно да се загубат гостите кои што доаѓаат доколку цените се зголемат.Бидејќи доколку години наназад сте користеле услуги по една цена, а сега во истиот тој објект ја имате таа повисока цена, јас сум убеден дека за таа старата цена ќе може да најдете исти таков квалитет како што до тогаш сте користеле.Не верувам дека има зголемување, ако не можам да го исклучам тоа, рече Ѓоко Апостолов.
Во моментов во Охрид има 2.900 категоризирани приватни станоиздавачки капацитети и 20.000 легла. Од пазараната инспекција велат дека тие имаат ингеренции да контролираат само дали е платена туристичката такса,но не и кога станува збор за цената на сметувачите капацитети. Став за ова не може да се добие од здружението на станоиздавачи кое беше формирано пред неколку години, бидејќи повеќе не постои.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста