Без струја утре од 08:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците од индустриските објекти во селата Шишево, Глумово и Матка во Општина Сарај.

Регионалниот центар за управување со кризи денеска соопшти дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради планирани технички зафати во електро-системот на град Скопје од страна на „ЕВН Македонија“ АД.