Од ВМРО-овец до окорели СДСМ-овец – Кој е Никола Димитров, досегашниот вицепремиер за Евроинтеграции?

Од десна рака на Заев во македонската дипломатија, до лево сметало – отстрането од Владата на Ковачевски, кој е Никола Димиторв, довчерашниот вицепремиер за европски прашања?

Откако како бомба одекна вчерашната изјава на Димитров, дека нема доверба во Османи и не се повлекол сам од Владата туку го отстраниле, Димитров е третиот од шестмината носители на избирачките единици на СДСМ и колациијата кој гласно говори дека работите не одат во правилна насока, но овде се отвара прашањето што чекаше до сега да коментрира и кој е патот кој тој го изоди за да дојде до функцијата вицепремиер за европски прашања?

Од човек во Владата на Груевски, до најверен колега на Заев со кого возеа четрицикли и се сончаа на моредури одеа и на заеднички ручеци со семејствата.

Димитров ја стартуваше својата дипломатска кариера во 1996 година во Министерството за надворешни работи како меѓународен адвокат за човекови права, а беше унапреден во заменик-министер за надворешни работи во 2000 година. Во 2002 година тој беше прогласен за втор македонски амбасадор во САД .

Во октомври 2009 тој ја презеде новата функција како амбасадор на Македонија во Холандија. По завршувањето на неговиот мандат таму во март 2013 година, првично беше планирано дека тој ќе го преземе амбасадорското место во Германија. Во февруари 2014 година, беше најавено дека Димитров одбил позиција како амбасадор на Македонија во Москва.

Димитров во 2014 објави дека се повлекува од дипломатската служба. Откако СДСМ почна да ги објавува таканаречените бомби, Димитров по одреден период се јави како критичар на владата на Груевски и честопати беше говорник и поддржувач на протести.

По говорите и плукањата на Владата која му ги овозможи дипломатските шанси за фунција, Димитров по победата на Заев стана и министер за наворешни работи, во негово време и со негов потпис Македонија го смени името…

Кога министеруваше се потпиша и договорот со Бугарија каде од Македонија беше побарано да се продаде историјата и јазикот, но сега Димитров вели дека негодувал на тоа..

Што ке прави сега Димитров не се знае, во која насока ќе оди неговата кариера откако се скара и со ВМРО-ДПМНЕ, а сега и со СДСМ?

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста