Голем пожар од запалени контејнери во Тетово- решението за проблемот со отпадот тапка во место

Тетовци лути што проблемот со менаџирањето на отпадот во градот сеуште тапка во место,без конретно решение.Па некој синоќа, веројатно неможејќи да го гледа ѓубрето околу контејнерите во комплексот Ловец во центарот на градот,го запалил.Големиот пожар за среќа е навреме изгаснат.Видеото сам го сподели тетовскиот градоначалник, кој го осуди ваквиот чин и повика полицијата да го расчисти инцидентот.

Страшен чин на палење ѓубре.Јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом.Овие сцени не му служат на нашиот град,ова не е наше граѓанство напиша Касами на социјалните мрежи.

Проблемот со сметот сеуште е тежок и голем предизвик за локалните власти.Нема некои конкретни придвижувања, туку само проблеми,од кои најголемиот е милионскиот долг на комуналното.   Ништо ново нема и со заедничкото комунално претпријатие “Русино-полог “кое го формираа Градоначалниците од предходните гарнитури од деветте полошки општини.Сеуште се чека да уплатат околу 200 000 евра учество за да се почне со работа,вели директорот.

За жал во правец на исполнување на обврските на самите општини во вид на субвенција на претпријатието сеуште тапка во место.Досега уплата има само општина Тетово целосна и Теарце една третина-рече Бесим Догани- Директор на “Русино-полог”.

Граѓаните реагираат и бараат властите итно да најдат решение за сметот. Тетово сеуште има претоварна станица, која е без никакви стандарди-каде сметот се одлага буквално на земја.Предходно,огромни диви депонии имаше на влезот во градот и на железничката станица,кои често се палеа и со години ги труеја тетовци.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста