Од две до три илјади евра казни за прекршување на самоизолацијата

Охриѓанец, кочанчанец и штипјанец заработија казна во висина од 2000 до 3000евра, затоа што не ги почитувале препораките за самоизолација. Иако при влезот во државата потпишале изјава дека нема да излегуваат од дома, по само ден два го сториле спротивното. Штипјанецот кој се вратил од Шпанија отишол во општинската зграда, а кочанчанецот ја посетил полициската станица во неговиот град.

Со ова лицата сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија денес од Јавното Обвинителство.

Парична казна во висина од 4000 евра ќе треба да плати и семејство од Битола, како и двајца кумановци и еден арачиновец. Казни заработија и тројца гостиварци кои не го почитувале полицискиот час.

Во Источниот регион, бројот на лица кои се во самоизолација e во постојан пораст. До денес со потишани изјави се 613, додека со решение за изолација се 61 граѓани. Во Кочани има благо опагање, за разлика во Штип каде е зголемен бројот на лица со решение за изолација и самоизолација.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста