Од август влегуваме во втор ризик на заразата со ковид, на есен доаѓа уште еден бран, вели професорот Трајковски

Се’ уште се наоѓаме во првиот, најнизок степен на ризик од заразата, судејќи според моменталната вредност на четиринаесетдневната  инциденца која е под дваесет случаи на сто илјади жители. Со овој тренд на посраст на бројките, од први август ќе влеземе во вториот умерен ризик на пренос од заразата, вели професорот д-р Дејан Трајковски, кој врз поставени алгоритми, прави статистички анализи за корона вирусот, од самиот почеток на пандемијата. Моментално, забележуваме дека и стапката на позитивни тестови се зголемува и не е точно дека се зголемува со поголемиот број на тестови. Ако било така, стапката на позитивни тестови цело време ќе останеше приближно константната , вели Трајковски

– Ефективниот репродукционен број, моментално е над единица, 1, 30 што е доволен доказ дека немаме задоволителен степен на колективен имунитет од прележување и вакцинираност, комбинирано. Тоа значи дека бројките и натаму ќе растат, во летото помалку, а со доаѓањето на есента тој раст ќе се интензивира и ќе дојде до нов бран.нема да биде толку силен како досегашните, меѓутоа населението ќе мора да го прележи, се додека не се достигне  тој комбиниран степен од 80- 85 проценти. Но, добрата вест е што тоа ќе биде последниот бран за епидемијата, зашто при стапка на прележаност и имунизираност од 85 проценти, дури и да се појави некој  поинфективен сој, нема да има  простор за ширење. Ќе продолжи со спорадични заразувања како некоја ендемична болест, доколку не се појави некој мутант што би го заобиколил досегашното имунизирање. Но, засега нема индиции за такво нешто – рече битолскиот професор.

 Иако бројкит се мали, забрзувањето е постојано и го мериме со ефективниот репродукционен број кој е над единица, што  значи дека бројките ќе добиваат забрзување, вели Трајковски

-Досегашните симулации со постоечките соеви, покажуваат дека требаше да имаме по два случаи на заразеност дневно, додека моменталните петнаесет случаи во просек, јасно е дека тоа не се должи на алфа- сој, туку најверојатно имаме и делта сој.— Уште нешто, не се работи само на попуштените мерки, оти така ќе го имавме на цела територија. Бројките растат во Тетово, каде што најпрвин се појави сојот- вели универзитетскиот професор од Битола.

Според него, секоја варијанта содржи повеќе мутации. За тоа, повеќе можат  да ни кажат молекуларните инженери кои се занимаваат со секвенционирање на вирусите. Меѓутоа, тие мутации ќе продолжат и во иднина, но најважно е да постигнеме доволен степен на колективен имунитет за да се спречи понатамошна појава на нови бранови.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста