Започна имунизацијата против Ковид-19 на деца, одзивот слаб

Првиот ден од вакцинацијата на децата од 12-17 години помина со слаб одзив. Само 1.800 деца во Македонија добија термини да седнат на вакциналното столче. Сепак, родителите кои што ги сретнавме пред поликлиниката Букурешт спасот за нивните деца го гледаат во вакцинацијата, и ги охрабруваат останатите родители да не чекаат и тоа да го направат што поскоро.

Најчестата возраст на деца кои се вакцинирале денеска се помеѓу 16 и 17 години. Докторите убедуваат дека вакцината на Фајзер е безбедна и порачуваат што помасовна вакцинација. Според нив, заинтересираноста е мала, но очекуваат бројот во текот на следниот период да се зголеми.

И вакцинацијата без закажан термин и теренската имунизација се одвива со мала заинтересираност. Наместо најавуваните 15 илјади боцкања дневно од страна на здравствените власти, дневно со прва доза се вакцинираат само по пет илјади граѓани. Но затоа бројот на граѓани кои се вакцинирале во Србија е доста висок. Само во Врање досега се вакцинирани 12.000 македонски граѓани.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста