Обвинителството немо и од далечина го следи скандалот со мистериозниот израелски пиар стратег на СДСМ

Обвинителството немо и од далечина го следи скандалот со мистериозниот израелски пиар стратег на СДСМ

Сомнителни тендери за валкан кеш во рацете на ПИАР стратег – опозицијата со денови изнесува нови обвинувања за предизборниот скандал поврзан со набавките во РЕК Битола и израелецот Асаф Еисин, а Обвинителството наместо да се фати за работа и да ги провери обвинувањата,  немо посматра и е само заинтересирано за случајот.

Опозицијата со денови обелоденува информации дека државни пари од незаконски трансакции направени со тендерите на РЕК Битола ги полнеле џебовите на Израелецот, но тоа не ги поместува од место обвинителите. Тие оставаат на Комисијата за изборни нерегуларности прва да се изјасни дали се правел криминал во РЕК Битола и во кеш се плаќало за израелска пиар стратегија.

Сите информации ги следиме и ќе ги доставиме до комисијата што следи изборни нерегуларности, доколку тие утврдат нерегуларности, Обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од Обвинителство.

Како и обвинителите така и новиот состав на Антикорупциска на чело со новата шефица Татјана Димитровска. И тие само прибираат информации, а засега немаат оформено предмет за случајот. Дали скандалот со финансирањето на пиар експертот на врхушката на СДСМ ќе биде под лупата на антикорупционерите, засега е неизвесно.

По избивањето на скандалот од кабинетот на Пендаровски се правдаа дека тој се среќавал со израелецот, но не бил негов консултант туку на СДСМ. Од друга страна, Ковачевски негира дека партијата има консултант од Израел.

Инаку, израелецот Асаф Еисин е познат како консултант на српскиот претседател Александар Вучиќ и со години се споменува како главен креатор на победничките изборни кампањи на првиот човек на Србија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста