Почина седуммесечно бебе од Вевчани откако паднало од кревет
Трагедија го потресе струшко Вевчани, почина седуммесечно бебе кое вчера неговата мајка го донела во Специјалната болница Свети Еразмо,каде било и оперирано.
Никој од докторите од Специјалната болница Свети Еразмо не сакаат да зборуваат пред камера за немилиот настан,се потпираат на соопштението од полицијата во кое се вели дека бебето било днесено во болницата со хематом на главата и мозочно крварење,поради што бил извршен хируршки зафат, но за жал тоа починало.
Го контактиравме и директорот на Здравствениот дом во Вевчани,тој кажа дека мајката го однесла бебето на лекар во оваа здравствена установа.
” Детенцето е донесено во Здравствен дом Вевчани во текот на вчерашниот ден,го прегледала докторка во итна медицинска помош.Од мајката и било кажано дека паднало или било удрено.Докторката не констатирала никакви повреди и дала насоки дека во случај на евентуално влошување на здравствената состојба да се јави повторно во здравствениот дом и заминала мајката”, изјави Јован Стојковски-директор на Здравствен дом Вевчани:
Мајката повеќе не се појавила во Здравствениот дом во Вевчани, неофиционално дознаваме дека таа го однела кај матичниот лекар во Струга, па потоа во струшката општа болница, за на крај во попладневните часови да заврши во болницата Свети Еразмо каде и починало.Во соопштението од полицијата стои дека бебето било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани.
Неофицијално се станува збор за дисфукционално семејство на кое ова им било прва рожба.По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.
Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски