ЕКСПЕРТИ: Новата власт да се зафати со коренити реформи во судско-обвинителски систем

ЕКСПЕРТИ: Новата власт да се зафати со коренити реформи во судско-обвинителски систем

Да се ремонтираат клучните институции во правосудниот систем, судскиот и обвинителскиот совет и Академијата за судии и обвинители со носење на нови закони во Собранието. Ова се пораките на поранешниот антикорупционер Ѓорги Сламков кој го коментира извештајот на Антикорупциска за ланската година.

Само 13 % од акивностите на Националната стратегија за борба против корупција 2021-2025 се имлементирани поради тоа што институциите не покажале соработка, а ниту законодавниот дом ги донел потребните законски решенија, стои во Извештајот.

Сламков е за коренити промени почнувајќи од главата на правосудството. 

Да се донесе и нов закон за обвинителството за организиран криминал и корупција по хрватскиот терк за да имаме ефикасно обвинителствот што ќе ја сузбие корупцијата, смета Сламков.

Податоците за 2023 година говорат дека исто како и во минатата 2022 година, најголем број на поднесени пријави до Антикорупциска се за сомнеж за коруптивно однесување на службени лица.

Од добиените извештаи утврдено е  дека од вкупно 166 предвидени активности за 2023 година, само 22 се реализирани, 89 не се реализирани, додека пак 55

активности се во тек на реализација..

Во ИЗвештајот како причини за ваквите состојби е недоволната посветеност на институциите за навремено извршување на доделените активности, но и неефикасноста на Собранието во носењето на закони. Голем број закони кои треба да се изменат, веќе подолго време се во Собраниска процедура.

Меѓународната заедница веќе подолго време апелира до властите дека во Македонија царува корупција за која потребна е вистинска политичка волја за нејзино искоренување.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и новиот мандатар на Владата, Христијан Мицкоски неодамна порача дека потребно е распуштање на судскиот и обвинителскиот совети и челници во правосудство самите да си се изберат на непосредни избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )