Нови скандали за Димова: Набавила два автомобили од 90 илјади евра, ЕК за Алфа: Нерегуларните трошоци да се вратат

Нов ден нов скандал. Во последниот, Лидија Димова, екс пратеничката од редовите на Соцјал-демократскиот сојуз, набавила два автомобили во вредност од неверојатни скоро 90 илјади евра како директорка на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во 2018 година, возниот парк на Агенцијата,  која ја води Димова,  била подновена со фолксваген пасат во вредност од над 45 (45,327 илјади евра) илјади евра како и фолксваген тигуан во вредност од над  43 и пол илјади евра (43,576 илјади евра).

Скандалите со трошењето на европските пари од страна на Димова ги будно ги следи и Европската Комисија. Алфа побара став од таму, што имаат намера тие да преземат.


– „Она за што можам да ве информирам во оваа фаза е дека Комисијата е запознаена со овие тврдења во врска со спроведувањето на програмата Еразмус +. Сите такви обвинувања се следат и, каде што е вклучено финансирање од ЕУ, нерегуларните трошоци ќе бидат идентификувани и вратени. Комисијата не може да дава детали додека трае процесот на следење“ – стои во емаилот од потпаролот на  Еропска комисија, Сузан Конзе.

Претходно Димова одобрила над 83 илјади евра  за „тренирање хрватско магаре и лепицанер“ на средно земјоделско училиште од Кавадарци. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии на директорот на училиштето Горан Велковски брат на пратеникот на СДСМ, Диме Велковски – со Заев. Побаравме коментар директно од директорот но до овие вести молк. Дополнително  се споделуваат информации и за поделена сума од 54 илјади евра, за обука за „гостопримство на Кипар“.  

Димова деновиве  е најповикувана за  делење европски пари на фризерница за обуки кои немаат никаква врска со фризерската дејност во вредност од 270 илјади евра на име грантови за едукација. Премиерот вчера ги повика институциите да истражат што се правела Димова.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста