МАКЕДОНИЈА СО ДВА ГОЛА ВО ЗАВРШНИЦАТА ИЗБЕГНА ПОРАЗ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ЕСТОНИЈА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ

Реми и дури шест гола на дуелот помеѓу Естонија и Македонија во 3.коло од Групата 2 од од Лигата Ц во новото второ издание на фудбалската Лига на нации. Денешниот дуел во Талин беше отворен со ран погодок поради грешка на дефанизвата на противникот, односно автоголот на Куск. Потоа следуваа два гола во нашата мрежа која ја бранеше Шишковкси, бидејќи Димитриевски беше примуден да остане во хотелкста соба наводно порадо позитивен тест на КОвид-19 кој подцна с епокажа дека дал погрешни реузлтати, односно нашиот чувар на мрежата бил негативен. Стрелец на головите беше Сапинен, еден даде пред паузата за израмнување на резултатот, вториот во  66-тата минута за водство на противникот од 2-1. Првата шанса за израмнување не ја искористи Трајковски кој промаши пенал, а противникот одговори со нов гол за 3-1. Иако некомплетна Македонија успеа да смогне сили и да се спаси од пораз, најпрвин капитенот Пандев во 80-тата,  а потоа Зајков во 88-та минута ја затресоа мрежата на Естонија за конечни 3-3. Следниот дуел нашите фудбалери го играат в среда во Скопје против Грузија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста