Ниту Бучковски, ниту Владата откриваат- што содржи акцискиот план на Бугарија?!

За што разговарал Владо Бучковски со Каракачанов и Захариева? Одговор на ова прашање не даваат ниту тој, ниту пак македонската Влада. Додека јавноста бара одговори, не се откриваат никакви детали за преговорите, каде тема е и македонската историја.  Единствено што се знае е дека бугарските власти подготвиле Акциски план, кој допрва ќе бил разгледуван, по што Македонија ќе ја соопштела својата позиција.

-Сето тоа треба да создаде доверба меѓу владите и државите, помеѓу народите меѓу двете држави. Без разлика на интензитетот на моите патувања и средби, очигледен е интересот на двете страни да не се дозволи замрзнување на односите или комуницирање само преку медиуми или преку посредници. Нашата блискост како два народи и две држави со заеднички моменти од минатото и заеднички погледи кон историјата нè упатува и двете страни да преземаме чекори до наоѓање решение, а токму ваквите работни средби се чекор напред кон решение, вели Бучковски.

Додека Македонија молчи, многу појасен е ставот на Бугарија. Како и секогаш се удира по македонскиот идентитет. Каракачанов повторно продолжува со лекции по историја. Порачува дек Македонија крадела туѓа историја и постоел говор на омраза кон Бугарите.

-Вие си имате идентитет создаден од Јосип Броз Тито и од Коминтерната, заштитувајте си го и никој не ви посега по него, но Цар Самоил е бугарски цар и не војувал против Бугарија како што пишува во вашите учебници. Ние Бугарите не сме фашисти, окупатори и старо монголско племе. Уште зборуваме без преведувач. Зборуваме на еден ист јазик, изјави Карачанов.

Од македонска страна молк и околу анексот за кој гласно говори Каракачанов. Според бугарскиот вицепремиер тоа било единствена шанса, Македонија да напредува на патот кон ЕУ.

-Северна Македонија има шанси да го добие датумот за преговори следниот месец или овој месец Јануари  ако го потпишат анексот на Договорот кој ние го предлагаме. Таму има дванаесет точки. Прво откажување од територијални претензии, откажување од историски претензии, промена на образовниот систем, изјави Каракачанов.

За македонско- бугарскиот спор повторно пишува и бриселски „Еурактив“. Од таму велат дека во својот акциски план, Бугарија се обидува да ја промени својата тактика кон Македонија, и на некој начин да ја ублажи напнатоста меѓу двете земји. Според дипломатски извори на „Еурактив“, предлозите на Софија се поврзани со железницата, патиштата, инвестиции на бугарски компании во Македонија, но и отворање на кампуси на бугарски универзитети. Во планот имало и делови за учебниците по историја.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста