Николоски: Заев лажеше дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и во 2018 и во 2019 година

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Алкесандар Николоски, на својата фејсбук страница објави видео над кое напиша дека Заев излажа дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и во 2018 и 2019 година.

„Да се потсетиме како Заев ЛАЖЕШЕ дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и во 2018 и во 2019 година! Македонија не почна преговори со ЕУ и не го доби фамозниот датум за преговори ни во 2018 ни во 2019 заради КРИМИНАЛОТ и КОРУПЦИЈАТА на Заев.

Сите овие години континуирано зборував дека со Заев и оваа криминална Влада Македонија НЕМА ДА ДОБИЕ датум за почеток на преговори. За жал тоа се оствари! Нашите информации и апели НЕ САКАА да ги слушаат. ЦЕНАТА ја плаќаат сите граѓани за жал! ОСТАВКА веднаш е решението! Погледнете како Заев ,,доби датум” !“

https://www.facebook.com/NikoloskiA/posts/1751784498319599

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста