ВМРО-ДПМНЕ: Ветуваше блескање, а за 100 дена донесе рецесија, 16 илјади деца живеат во сиромаштија, над 50.000 останаа без работа

50.000 работници останаа на улица, само што економистот Заев почна да дели лекции, аман Заев не дели лекции, цела нација на улица ќе остане ако продолжиш вака. Економијата блескаво пропаѓа кога Заев почнува да се фали. Над 900 милиони буџетски дефицит за само 1 година и јавен долг зголемен од 49% на 61%, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дек Заев ветувал блескање, а буквално за 100 дена донесе рецесија.

-Една година извозот паѓа, македонските претпријатија се помалку извезуваат. А со тоа е намалена економската активност и приходите во буџетот. Растат цените на мало кај храната и пијалоците. Преживувањето е се потешко. Половина милион луѓе живеат со 2 евра на ден. Додека дури 16.000 деца живеат во сиромаштија. Не сакаме ниту да претпоставиме како ќе изгледа Македонија, ако Заев продолжи да дели лекции. Заев, државата ја клекна на колена, економијата е уништена. Доблест е да си поднесеш оставка! Само влада за национален спас ќе ја извади Македонија од провалијата во која ја втурна, се наведува во соопштението на партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста