Се градат ли нелегални објекти во автокампот „Градиште“?

Во строго заштитен појас на автокампот Градиште се врши узурпација на земјиштето на кое се прават објекти од цврста градба.Во моментов таму продолжува градежната експанзија, постојано се носат матерјали,забрзано се работи на див.Таму се’ е незаконски изградено, бидејќи нема урбанистички план-обвинуваат пештаници од здружението “ Оревче “ кои 22 години водат битка да си ги добијат денационализираните имоти.

Констатирано е,имаме и документи дека се градат 25 бесправни објекти од тврда градба, во забранета зона за градење, на самиот брег на Охридското езеро, на 15,20 , има и на 5 метри. Прашуваме како се вратени 4 имоти на МПЦ од 7000 м2 на 5 метри од брегот, а нашите се спорни? На истите тие наши парцели се градат и ден денес објекти од тврда градба,каде е инспекторатот?

Не играат и тоа е право чудо! Кој и да дојде се’ нешто ќе ветува, а на крајот нема ништо од тоа.

Танески потсети на скандалозната одлука, со која државата им понуди да ги обесштети плаќајќи им по 200 денари за квадртен метар. Локален моќник  шурувајќи со судии и државни службеници, се обидува да приграби имот вреден над 20 милиони евра во автокампот Градиште,додава Танески.

Закупнината е над 1.200 евра од камп приколка годишно, покрај другите давачки, значи имаме инволвирани од власта од политиката, замешани имаме и од полицијата да ви кажам ,значи некој го штити.

Од компанијата МКМ Нова Трејд која се јавува како закупец на автокампот Градиште тврдат дека стопанисуваат со истиот врз основа на  уредно склучен Договор и дека ги поседува сите потребни и неопходни одобренија и дозволи издадени од  надлежните инститиции. Се огласија иод Националниот Парк Галичица, не станува збор велат  за нови градежни активности, туку за редовни активности кои се преземаат за непречено функционирање на пречистителната станица. Но пештанци не отстапуваат, го повикуваат градоначалникот на Охрид и премерот Ковачевски да дојдат и самите да се уверат, што се прави во автокампот Градиште.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста