Независноста на правосудството се „засилува“ со членство на поранешна советничка на Заев во Судскиот совет

Од советник на премиерот до член на Судскиот совет- Тања Чачарова-Илиевска се поблиску до столчето во судската власт. Чачарова-Илиевска која  од август 2017 до ноември 2020 година работела како посебен советник за правда на претседателот на Влада е предлог за нов член во Судскиот совет на Комисијата за прашања на изборите и именувања во Собранието, чиј претседател е Костадин Костадинов.  Екс- владината советничка за правда, треба да влезе во судскиот совет кој се грижи за независноста и професионалноста на судството, за избирот и разрешувањето на судии, претседатели на судови и поротници. 

Чачарова лесно ќе го добие столчето бидејќи за нејзино изгласување ќе бидат потребни само половина од мнозинството пратеници. Во нејзината биографија, со која беше подобра од други две кандидатки стои ангажманот во кабинетот на Заев, завршен 4-ти степен по англиски јазик, но не е впишано  и дека била повереник на државниот капитал во Телеком, номинирана од владата пред 3 години.

На Фејсбук профилот на Чачарова,  која повторно е на пат кон држажавните служби, стои фотографија од владините канцеларии со изборноТО мото„Можеме“ на СДСМ. Таа во телефонски разговор за „Телма“ тврди дека не е дел од политичка структура и дека секогаш и било чест кога некој од неа, особено премиер,  барал адвокатски услуги и правни консултации.Исто така, изјавила, дека кога ја напуштала функцијата од Владата не размислувала да седне во Судскиот совет. Адвокатската канцеларија, со која раководи само седум месеци повторно ќе треба да ја затвори. 

Претседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Фејсбук статус критикува за изборот на Чачарова-Илиевска во Судскиот совет.

ТЕЛОП – СЛИКА – ФБ СТАТУС НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Еве зошто Македонија со власта на Зоран Заев не е правна држава и зошто немаме независно судство.

– Зошто сме 111-ти по корупција и најлоши во Европа;

И зошто со Заев нема да не биде Description: ⬇️

Советник на Заев, финансиер на СДСМ, владин член на бордот на Телеком Тања Чачарова Илиевска, сега претставена за независен експерт и предлог за член на Судскиот совет.

Ова се тие европски вредности на Заев.

Чачарова ВО Судскиот совет треба да го заземе местото на Владе Богдановски кој ја напушти функцијата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста