Нема законски измени, нема рестриктивни мерки – граѓаните бараат итно полициски час

Нема законски измени,нема рестриктивни мерки. Измените во законот од кои зависат анти ковид мерките воопшто не стигнаа на дневен ред на собраниската седница. Мерките кои ги препорача Комисијата за заразни болести за задолжителното носење на маски на отворено, забрана за групирање по 22 часот и забрана за слави во домовите ќе чека некоја наредна седница во Собранието.

Првиот човек на собраниската комисија за здравство Арбен Зибери не е оптимист дека брзо ќе поминат овие законски измени, но вели дека штом измените добијат зелено светло на седница тој ќе ја закаже Комисијата.

“Тој закон е за давање на ингеренции повеќе на инспекторатите ДСЗИ, трудовиот така што во тој закон не се предвидени мерките кои што се препорачани од Комисијата за заразни болести. Ние такви мерки до Собранието до овој момент немаме добиено од Владата. Нема потреба да има политичка поделба за вакви суштински работи кои што од овие мерки зависи јавносто здравје на населението.” – изјави Арбен Зибери, претседател на собраниска комисија за здравство.

Граѓаните се лути на неажурноста на власта.Тие не се задоволни ниту од досегашните, ниту од идните рестриктивни мерки. Велат потребни се поригорозни мерки,односно полициски час.

И додека ги чекаме мерките, состојбата во државата е загрижувачка. Само за три дена има повеќе од 1.100 новозаразени и 27 смртни случаи. Алармантните бројки ги наполнија и капацитетите, инфективните одделенија во Струмица, Куманово, Штип, Прилеп  и Гостивар немаат веќе слободни легла.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста