Стратегија, помош од државата и вакцинација, рецепт за Македонија да го заживее уништениот туризам
Македонскиот туризам на колена, коронавирусот ја втурна третата најбрзорастечка гранка од економијата во толку длабока криза што ќе требаат најмалку 2 до 3 години за опоравување на туристичката индустрија.
-“Најважно од се’ е како ќе рагираме ние како држава во перидот после пандемијата, какви мерки ќе превземеме и колку брзо ќе успееме да привлечеме странски туристи за да се вратиме на старите патеки-вели Цветко Андреески,професор на Факултетот за туризам.Очекувам ,додава тој да се направи ревизија на субвенционирањето на странските туристи и да се направи нова сратегија за развој на туризмот која што ќе ги земе во предвид сите недостатоци со кои се соочивме во целиот кризен период”.
- Државата помагаше сегментирано,во субвенционирањето со сретства и со ваучери претежно ги субвенционираше хотелиерите и угостителските објекти.Приватните станоиздавачи,туристичките водичи, агенциите воопшто не се на тој список на субвенции и тие веројатно имаат најголема штета од целата оваа криза.Требаше да се опфатат повеќе категории на учесници во туризмот и во угостителството-рече проф.д-р Цветко Андреески-Декан на Ф.Т.У.
Ако дражата не повлече потег и продолжи со игнорантскиот однос,ќе ни откажат и оние малку странски туристи за чие доаѓање на климави нозе имаме потпишано договори со тур операторите, велат туристичките работници.
- Значи на секторот и на компаниите им е потребна подршка за платите на вработените како би можеле компаниите да опстанат и да преживеат,потребна им е агресивна кампања за промоција на дестинацијата,а не симулирање на активности- рече Асим Меѓедовиќ- Стопанската комора на Македонија.
Од друга страна многу е важно како ќе тече имунизацијата на нашата држава,бидејќи од тоа ќе зависи дали Македонија ќе се најде на мапата на земји, безбедни за патување.
- Заштитата на здравјето ќе биде многу важна.Ние драфт верзијата за развој на туризмот во Охрид ја доставивме и таму еден од столбовите за развој на туризмот,го ставивме здравството. Не прифаќањето на здравствените мерки дирекно е спротивставено на развојот на туризмот-рече проф.др. Науме Мариноски-Ф.Т.У.
Нам ни треба час поскоро масовна имунизација и прогласување на Охрид за безбедна туристичка дестинација во подлег на здравјето.Тоа би требало да биде истакнато на влезот во Охрид,а самите хотеско угостителски објекти можеби би требало да имаат одредена сертификација за безбедност-целат експертите по туризам.
Росица Голабоска