На Фејсбук страницата на Филипче објави недолично видео во ден кога на секој час и половина умираше по еден човек

Острите реакции од јавноста го натерале Филипче да го избрише пародичното видео  во кое го се обидува да го исмее барањето на опозицијата за оставка. Од министерството за здравство велат дека и покрај тоа што видеото не е повеќе на социјалните мрежи, министерот останува на ставот дека сите политички чинители треба да имаат одговорност во време на пандемија. Но го избегнаа прашањето кое им го постави Алфа – дали ова е сериозен пристап за водење стратегија, во време на пандемија кога луѓето стравуваат за своите животи?

Видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на Министерот за здравство, Филипче е пародија на неоснованите критики на опозицијата кон неговата работа како Министер за здравство во време на светска пандемија-велат од Министерството за здравство.

21 семејство е завиено во црно, пријатели, роднини жалат по починатите, но дали  ПР-от  на Филипче направи грешка , па наместо да му сугерира да изрази сочувство, беше објавено пародичното  видео .

Власта барањата од опозицијата за оставка на Филипче и нивните протести ги карактеризираат како лицемерни. Министерот минатата недела рече дека нема намера  да си поднесе оставк,  оти не ја мешал политиката во здравството, што со видеото кое осамна на неговиот профил се виде спротивното.

  • Ги слушаме во јавноста предлозите што ги дава опозицијата и огромен дел од нив немаат никаква медицинска логика. Сакам да им порачам да ја држат политиката настрана од ова сериозно прашање рече Венко Филипче – министер за здравство 24.10.2020.

Пред 6 месеци, власта бараше оставка од министерот Наке Чулев оти бил одговорен за големиот број на заболени кој во тоа време беше двоцифрен.

  • Има грешки Чулев,грешките се толку големи да јас побарам од еден технички министер за внатрешни работи оставка вели Зоран Заев – претседател на Влада 11.06.2020.

Сега кога бара одговорност  од Филипче оставка заради бројки од новозаразени кои достигнуваат и над 1000 дневно, а Македонија е рекордер по смртни случаи во регионот – оставки не се споменуваат, само пораки да не се мешала политиката во здравството.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста