Монструозно – две деца обиле старица во Струмица
Тинејџери на возраст 13 и 14 години го извршиле грозоморното убиство на 67-годишната струмичанка која вчера беше пронајдена мртва во својот дом. Според неофицијални информации двајцата малолетници безпомошната жена најпрвин ја силувале, ограбиле, па ја задушиле. Еден од малолетниците монструозниот чин го признал случајно, откако бил повикан на информативен разговор поради разбојништво. Тој признал дека силувале жена, по што полицијата го открила беживотното тело. Други информации говорат дека телото на жената е откриено по дојава на граѓани кои во полиција пријавиле дека нивната соседка ја немат видено три-четири дена.
Од струмичката полиција информираат дека телото е пронајдено при претрес на куќата. По наредба на јавен обвинител извршена е обдукција , при што е утврдено дека смртта настанала по насилен пат, поради задушување.
По наредба на Основен суд Струмица извршен е претрес во домовите на осомничените. Во Гевгелија лишен од слобода е 13годишн , а во СТрумица 14годишното дете. Бидејќи станува збор за малолетници службениот разговор се водел во присуство на педагог од Центарот за социјалнни работи во Струмица, родител и адвокат. Осомничените се познати како сторители на повеќе кривични дела и се приведени за да не избегат и повторат кривичните дела . Резултатите од обдукцијата ќе го кажат точното време кога е извршен монструозниот чин..
Александра Ристевска