Младиот Македонец од Европскиот Парламент за Алфа: Немаше тероризам на 27-ми април, целта со драконските пресуди беше заплашување на сите кои сакаат да тргнат против власта

Драконските и долгогодишни казни затвор за собраниските настани беа со цел да се заплашат граѓаните кои во иднина би сакале да тргнат против моменталната власт во Македонија, смета Патрик Аџиевски, Македонец од Шведска, кој е вработен во Европскиот Парламент како дел од Европската народна партија. Тој вели јасно е дека политиката вмешала прсти во овој случај и дека пресудата е класична политичка нарачка на власта во Македонија.

-Сметам високите се еден начин да стават уплав и страв во македонското општество и за луѓето кои мислат во иднината активни да бидат против режимот, да бидат активни во партиите. Еден начин да му се стави страв, да му се намали влијанието на сегашната опозиција, вели Патрик Аџиевски за Алфа.

Гневот кај граѓаните на 27 април ги предизвика пеењето химна на друга држава, како изборот на Талат Џафери за собраниски спикер, спротивно на собранискиот деловник

Аџиевски смета дека настанот никако не може да биде класифициран како тероризам, бидејќи луѓето тој ден го бранеле Уставот на Македонија.

Тоа што уставобранителите го направија беше да се брани уставот, кој на 27 април беше загрозен од тогашната опозиција денешниот хибриден режим. Не може случајот никако да биде тероризам и терористи, ова е една ситуација каде се бранеше Уставот и тоа е во нормален ред луѓе да реагираат кога има групи во Собранието да сакаат да го нападнат и со тоа иднината на државата да ја стават во опасност, значи не може да биде тероризам, вели Аџиевски.

Аџиевски смета пред меѓународните судови овие луѓе никако не би биле осудени за делото терористичко загрозување на уставниот поредок, а како пример го даде и Дејан Давидовски Дешо, за кого шведскиот Врховен суд не дозволи екстрадиција, сметајќи дека тој е жртва на политички прогон.

-Таму сепак има правда, таму е и меѓународното општество смешано и сметам дека не би била иста казната, може да се гледа случајот, но тероризам никако не можам да поверувам дека би било. Го имаме исто така примерот од други држави во овој случај, како на пример Шведска, каде што еден од уставобранителите побара политички азил и шведскиот суд му одобри политички азил, бидејќи шведскиот суд сметаше дека тој е жртва на режимот во Македонија, вели Аџиевски.

Првостепената казна од вкупно 211 години, Апелациониот суд ја намали за година или две кај секого од осудените, но тие порачуваат дека не бараат намалување на казните, туку ослободување од делото за кое се осудени. Правдата сега ја чекаат од Врховниот суд.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста