Митрополитот Петар: Нишката спогодба е промашен проект и не може да биде решение за афтоќефалноста на МПЦ

За минатонеделната средба во Истанбул на претседателот Пенадаровски со неговата сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј, не бевме известени и можевме да се запознаеме само преку медиумите. Меѓутоа, ништо нема лошо што направил средба со вселенскиот патријарх, вели владиката Петар кој  во САС е задолжен за меѓународните односи.  Вселенската патријаршија со својата инволвираност  за решавање на спорот со СПЦ, треба да поттикне официјална средба со првенците на МПЦ која заради короната се одлагаше, ние очекуваме тоа наскоро и да се случи, но не  треба да се предлага украинско сценарио, зашто нашиот случај е сосема поразличен, вели владиката Петар.

-Она што кај нас се обиде да се направи со тој преокт т.н. ПОА, зашто всушност тие за едно не прават ниту половина парохија и епископи т.н., монаси, монахињи и верници сите до 150 души, па не може тоа да биде споредба  со Украинската црква. Кај нас е чисто с`е и треба да се има добра волја од СПЦ, тоа прашање конечно да се надмине- рече митрополитот Петар.

По ова прашање битолскиот митрополит беше оптимист дека со изборот на новиот патријарх на СПЦ, неговата светост Порфириј, ќе дувнат поповолни ветрови, но српскиот поглавар само две недели по неговиот избор, рече дека со неговото устоличување нема да има промени во ставовите кон  спорот за афтоќефалноста на МПЦ, посочувајќи дека решението е во Нишката спогодба, со која верниците ја имаат ПОА на Вранишкоски.

-Таа изјава е само дување ветер во грбот на луѓето од ПОА за да опстојат и да бидат просутни со вакви изјави меѓу народот, што очигледно тоа нема никаква врска со реалноста. Бројот нивни се знае колкав е и опаѓа. Тие се свесни и соседните цркви дека тоа е погрешен  проект и дека со тоа не може ништо да се реши – рече битолскиот владика.

На крај, вели владиката Петар, во предлог- спогодбата се споменува Црква со околу 2 милиони верници и да се даде на т.н. ПОА како промашен проект со една мала група луѓе за да се создаде привид дека се црква. Од тоа нема ништо и српскиот патријарх во овој момент не сака   да отвори внатрешни поделби по ова прашање.

-Тие излегоа со овој проект и с`е уште мислат дека оваа наша државичка евентуално можеби ќе се распадне, па ќе се вратат нивните соништа за тоа  дека ова е Јужна Србија и дека е тоа делот што во Букурешт им бил доделен- рече митрополитот Петар.

Српските архиереи треба да се ослободат од тие нивни идеи и желби дека било кога, нашата Македонија ќе стане дел од  Српската држава, наспроти официјалната политиката која е сосема коректна кон Македонија, рече битолскиот митрополит.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста