Мицкоски: Таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ

Откако во медиумите одекна веста дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ќе оди во затворт поради набавката на службените возила на МВР, со свој став се јави и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потренцираше дека истите тие возила за кои Јанкуловска ќе оди во затвор ги користи и сегашната власт и дека таа се наоѓа во оваа ситуација затоа што одбила да биде слуга на Заев. Вистинскиот таргет според Мицкоски не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ.

“Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор. Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев. Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт.

Јанкуловска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкуловска, туку ВМРО-ДПМНЕ.Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски, и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде.“ – напиша Мицкоски

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1665901066918679
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста