Фајзер и Модерна засилување на Синофарм?

Алармот за ефиканоста на „Синофарм“ од белградскиот Институтот за медицински истражувања предизвика многу дилеми во јавноста.Граѓаните кои примиле една доза од овој производител на социјалните мрежи прашуваат – дали и колку ќе бидат заштитени и каква стратегија имаат здравствените власти доколку се појават случаи на недоволно или целосно отсуство на заштита од вакцината.

Според епидемиолозите вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се најсоодветно решение за оние граѓани кои нема да развијат антитела по примена втора доза од вакцината на „Синофарм“.

„Не е погрешно овие лица да примат и трет доза од истиот производител,но подобро би било тоа да е некоја од помодерните вакцини.Впрочем, таква можност наговестуваа неодамна и официјални претставници од компанијата ‘Синофарм’. Според мене, повеќе држи тоа да биде ‘Фајзер’ или ‘Модерна’, зашто тоа се вакцини со висока имуногеност, а тоа е потребно кај постари лица со исцрпен имунолошки систем, за да се предизвика адекватен имун одговор“, вели професорот Драган Даниловски.

Од МЗ засега немаат дефинитивен став по ова рашање.Се ќе зависи од искуствата на другите земји, па по тоа Македонија ќе одлучува каква стратегија ќе скрои за лицата кои нема да развијат антитела..Според најавите официјален став треба да се очекува следниот месец.

Во меѓувреме, докторите апелираат граѓаните да не брзаат со испитувањето на нивото на антитела во организмот бидејќи вакцините од различен производител бараат и различен временски период за да создадат имунолошки одговор.

Во Македонија до сега вакцинирани се 220.733 граѓани, а интерес за имунизација изјавиле  повеќе од 419.000.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста