Мицкоски најави нов скандал на Онкологија: Имаме работа со „монструми“
Злоупотребите на клиниката за Онкологија продолжиле и по грозоморниот скандал кој ја шокираше јавноста, за начинот, како поединци се богателе од борбата за живот на пациентите. ВМРО-ДПМНЕ најавува нови сведоштва и документи кои ги добиле од свиркач и кои сега партијата ги истражува, а се однесуваат за 2023-тата година. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека сите подотоци кои стигнале до нив, ги анализираат и истражуваат детално, по што ќе објават во јавноста за што се работи.
- „Ако тоа се потврди за точно тогаш навистина можам да кажам дека имаме работа со монструми, а не со луѓе кои и покрај ова што се случува и покрај епскиот скандал тие повторно продолжуваат со злоупотреби кои имаат нечовечки размери и ние планираме со ова да излеземе во јавност доколку ова што го достави свиркачот се потврди како точно и имаме намера на обвинителството да му отвориме сериозна работа бидејќи гледаме дека истрагата во МВР се калкулира, се препелкаат тогаш имаме ние намера, ние да ја преземеме работата во свои раце и да одиме до крај“, заклучи Мицкоски.
Додека опоцизискиот лидер најавува можна кривична пријава, во собранието Анкетната комисија продолжува да бара политичка одговорност. Клиниката за Онкологија е во агонија оти средствата се ограничени, а бројот на пациенти е во постојан пораст, сведочеше актуелната медициска директорка. Виолета Клисаровска призна дека е лоша состојба на онколошката клиника, и побара обвинителството да ја заврши истрагата и ако констатира вина да ги каже виновниците со име и презиме.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски обвини дека на клиниката има директор во сенка кој што работи во интерес на веледрогеријата која се однесува како монопол и добива над 70% од буџетот за лекови на онкологија.
- „Г-ѓата др. Снежана Смичкова е директорот во сенка на Клиниката за Онкологија во изминативе 6-7-8 години. Г-ѓата др. Снежана Смичкова е акционерот на сопственикот на веледрогеријата на семејството Пановски која што е внатре и одлучува одвнатре, колку профит или колку повеќе профит оваа веледрогија ќе добие. И затоа мислам дека директорите на Клиниката за Онкологија, после извесно време на директорување, сваќаат дека биле на една позиција, која е добра позиција, после извесно време сфаќаат дека се немоќни да делуваат овој систем не се подобри. Моќта е толку голема што ние станува заложници на еден систем кој што ќе го разрешиме за неколку денови за политичка одговорност, но доколку не се смени системот на МЗ, МАЛМЕД и Веледрогерија Пановски прашање на денови е кога повторно ќе имаме скандал“ рече Милошоски.
Со ставот на Милошоски, дека треба да има повеќе добавувачи на лекови за онколгија, се согласи и директорката Клисаровска.
- Конкуренцијата која што треба да се постигне би била од директна корист за Клиниката. Секогаш кога има конкуренција се очекува намалување на цената што за нас значи многу кога буквално секојдневно сме во борба за лек повеќе.. рече др.Виолета Клинкаровска – Медициска директорка на Клиниката за онкологија
Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Клисаровска дали е во ред, екс директорот на клиниката, Нино Васев,за кој постојат сомнежи дека бил дел од шемата за преродажба на лекови, да биде дел од стручниот конзилиум на Онкологија. Директорката ја прифати забелешката од пратеникот и за морална одговорност рече да ја прашаат кога ќе заврши истрагата.