Мицкоски: Поскапата струја е резултат на погрешните политики во енергетиката

Поскапувањето на струјата е нешто што оваа влада не го вети, но го реализираше. Тоа е резултат на погрешните политики во енергетскиот сектор, високата маржа за универзалниот снабдувач, но и партиските вработувања во државните енергетсски компании, обвини првиот човек претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој најави дека против ваквите, како што ги нарече, штетни политики, ќе се борат и во иднина. Мицкоски детално објасни како се формира цената на струјата според постојниот Закон за енергетика и која е улогата на секој од учесниците во тој процес – ЕСМ, МЕПСО, ЕВН и „ЕВН хоум“.

– Постојат три одговори на клучните прашања зошто цената на електричната енергија е покачемна за 7,4%. Прво, високата маржа на универзалниот снабдувач на сметка на ниската цена на компанијата која што е во државна сопственост и индиректно ги оштетува граѓаните, потоа поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите со што драстично се зголемија трошоците за вработените во компаниите во државна сопственост како МЕПСО, МЕМО, ЕСМ и третата суштинска работа е што пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ беа исплатени под превезот на К-15, тринаесетта плата итн, по 26.000 денари по вработен, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, недомаќинското работење и сите овие погрешни политики сега ги чинат граѓаните повиски сметки за 7,4%. Тој ја обвини и Регулаторна дека била политичи вмешана зашто одлуката за новата цена на струјата ја одложи, па така, на место на почетокот на јули, седницата беше одржана по изборите.

– Се чудам зошто тоа не го направија како што секогаш го прават, на почетокот на јули и зошто ја одложија седницата – бидејќи регулаторен период е од 1 јули до 30 јуни во годината, а не од 1 август до 31 јули. Но, одговорот е јасен – затоа што тоа беше политичко калкулантство и директно политичко замешателство, да се остави за по изборите, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека нема држава во Европа која среде пандемија покачува цена на струја, туку има бројни случаи низ Европа каде што владите одлучуваат да субвенционирање на комуналните трошоци, а не за нивно зголемување.

Инаку, во знак на револт, утре граѓаните на Тетово ќе излезат на улица поради поскапувањто на струјата. Претходно реагираа и неколку синдикати, здруженија, но и политички партии, кои побараа да се повлече одлуката.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста