Катастрофата во Бејрут зад себе остави пустош, загинати, многу повредени и огромна материјална штета

Во експлозијата во Бејрут, за која се уште не е позната причината, загинале најмалку десет лица. Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.

Либанскиот претседател Мишел Аун ги упати сите вооружени сили да се справат со последиците од експлозијата во Бејрут и да спроведат патроли во погодените области и во предградијата за да обезбедат безбедност, соопшти државната Национална новинска агенција.

Според либанската телевизија ЛБЦИ, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив. 

Дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за петарди.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста