Меѓународната „Чиста облека“ предупредува дека условите за текстилните работници во Македонија се како во Бангладеш

Нереална исплата на трудот и лошите услови за работа се проблемит кои ги мачат работничките во Македонија но и во  Албанија, Србија, Бугарија па и Бангладеш, алармираат од интернационалната кампања„Чиста облека „(Clean clothes campaign). Оранизација која се бори за работничкте права.

  „Најголемите проблеми во овој регион со кои се соочуваат работниците е платата. Плакање на минимална плата или под минимална плата , како и работењето за време на празници , прекувремена работа и слично. На пример сабота им се наплаќа како нормално работно време„-изјави Артемиса (немаме презиме-никој нема)

  „Она за што имат зголемен број на пријави е понижувачко однесување на работодавачите. Навреди, момбинг што се надвор од секое човечко достоинство. Вознемирување и навреди на работно место и слично понижување на работниците„-изјави Бетина Мусјолек.

Одисеата на работничките во штипската конфекија Алкон-текст„ ќе влезе во извештаите на кампањата. Гласен текстилец побара помош од нив откако  државата остана глува и не помогна двесетината текстилни работнички ги добијат заостанатите плати, минат труд и опремнина, бидејќи стечајната постапка покажа дека сметките на фирмата се празни..

  „Ова е еден од случаите кои сметам дека не може да помине како што монментално поминува. Немаме помош и поддржка од државата , односно од институциите кои досега не одговорија на барањето на работниците, одосно исплата на нивните побарувања . Сметам дека треба да одиме чекор напред и разврската да ја бараме надвор од границите на нашата држава„-изјави Кристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец„

Главeн приоритет на оваа интернационална организација  е да ги алармира крајните потрошувачи за условите во кои се произведуваат облеката и чевлите на големите брендови.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста